Момчето на Адел ја изненади со илјадници рачно напишани белешки на нејзин концерт

Адел и нејзиното момче Сајмон Конецки веќе неколку години се во хармонична врска, а во јуни 2012 година станаа и горди родители на синот Енџел, пиради кој британската пејачка со ангелски глас три години се повлече од сцената.

Дваесет и осумгодишната дива потоа повторно се врати на сцената и издаде нов албум кој ги урна сите рекорди и почна концертна турнеја.

Во рамки на турнејата се издвојува нејизниот концерт во американскиот град Нешвил, каде Сајмон и приреди спектакуларно изненадување.

Имено, во текот на нејзините концерти правило е во еден момент од таванот да почнат да паѓаат шарени ливчиња на кои се испишани зборовите од нејзините песни. Но, на концертот во Нешвил сите зборови на ливчињата беа рачно испишани токму од страна на Сајмон.

„Ти си ангел“ и „Те сакам веќе долго време“, само се некои од пораките кои романтичниот Сајмон и ги упати на својата партнерка по повод петтата годишнина од нивната врска.

Адел концерт 2

Освен Адел, воодушевени беа и присутните во салата, кои на социјалните мрежи почнаа да објавуваат фотографии и снимки од настанот.

За потсетување, по завршувањето на сегашната турнеја Адел најави дека повторно „ќе земе неколкугодишна пауза од настапите“ за да може да се посвети на синот, а таа и Сајмон планираат уште деца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.