Момчето на Боби Кристин Браун е виновен за нејзината смрт

Поранешното момче на покојната Боби Кристин Браун, Ник Гордон (26), неколкупати одби да дојде на судско сослушување. Судот завчера го прогласи виновен за нејзината смрт.

Но, со оглед на тоа дека станува збор за граѓанската парница, која ја иницираше таткото на Боби Браун (47), тој нема да биде осуден на затворска казна.

Судијата смета дека тој можел да и помогне, но дека не го направил тоа, а потоа Браун е пронајдена мртва, предозирана од дрога во када полна со вода.

bobbi-kristina-brown

– Признавам дека го игноривав ова сослушување и сите последици кои произлегуваат. Исто така вистина е дека ги игнорирав симптомите на депресија кај Боби, бидејќи тоа ме уништи. Тоа е вина со која ќе морам да живеам, истакна Гордон.