Македонија,Крими хроника

Момче и ученици претепани во училишен двор во Тетово

Поголема група на младинци вчера во основното училиште „Андреа Савевски Кикиш“ во Тетово физички ги нападнале А.Б.(26) и двајца ученици на возраст од петнаесет и шестнаесет години. Нападнатите се здобиле со телесни повреди во пределот на главата и телото.

Преземени се мерки за рсчистување на настанот и во текот на денешниот ден ќе биде извршен разговор со лица за кои постои сомневање дека го извршиле физичкиот напад, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.