Момче киднапирано и силувано во Крагуевац

Седумнесетгодишно момче од Крагуевац било киднапирано и сексуално злоставувано.

Момчето било киднапирано од страна на тројца непознати мажи додека играло кошарка во училишниот двор. Мажите го нападнале момчето со шипки и ножеви и го ставиле во багажникот од автомобилот. Потоа следувал вистински хорор за момчето.

Причината за киднапирањето сеуште не е позната, но како што изјавува мајката на малтретираното момче, најверојатно се работи за девојка. Наводно момчето и ставило нож под врат, а таа за тоа го известила брат и.

Насилниците со автомобилот го однеле во парк, каде им се придружиле и други мажи, и се изживувале над момчето, го тепале, го присилувале орално да ги задоволува и уринирале по него. На крај го оставиле блиску до неговиот дом, од каде е пренесен во болница.

Драмата не завршува тука, бидејќи еден од насилниците се појавил во болница и му кажал да ја повлече кривичната пријава ако не сака да страда целото негово семејство.

Полицијата сеуште трага по напаѓачите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.