Момче нападнато со шишиња во дискотеката „Лолипоп“

Дваесет и седум годишно момче било нападнато во саботата во позната дискотека.

Како што информираат од полицијата, 27-годишниот Д.Ц.(27) од Куманово во дискотеката „Лолипоп“ без повод и причина го нападнал момчето од Куманово фрлајќи му стаклени шишиња од кои му нанел расекотини во пределот на главата.

Против Д.Ц. е поднесена кривична пријава за насилство.