Момче од Петровец ја убило својата девојка

Алфите успеаа да го симнат од покривот на Детската клиника машкото лице кое вечерва изврши убиство, објави Press24 повикувајќи се на полициски извори.

Според информациите, убиството го извршил 22 годишниот Н.К. од скопското село Петровец. Од полицијата се’ уште нема официјални информаци во какви околности се случило убиството.

Специјалните полициски единици успеале да го убедат 22 годишниот Н.К. да се симне од покривот, но не откриваат детали, како настапила смртта кај девојката, која работела како медицинска сестра на Детската клиника.

Полициски извори откриват дека на убиството му претходела жестока расправија помеѓу девојката, чиј идентитет се’ уште не се открива и убиецот, а се претпоставува дека тие биле во љубовна врска.