Момче почина, а девојка се бори за живот откако имале секс во гаража

Голема трагедија се случи во Србија-момче почина, а неговата девојка се бори за живот, откако решиле да имаат секс во возило паркирано во гаража.

Дваесет и шестгодишниот Немања Н. се угушил, а неговата девојка се бори за живот.

Според податоците на српскиот Курир, трагедијата се случила во Чачак утрово, кога сосед ги нашол телата во гаражата на станбената зграда каде живееле. Момчето лежело пред автомобилот,  а девојката на задното седиште, и давала знаци на живот.

Двајцата биле без облека на себе, а се претпоставува дека момчето починало бидејќи се угушило затоа што автомобилот бил запален.

Полицискиот увид е во тек.