Момче почина откако врз него падна крст

Дваесет и едногодишниот Марко Гусмини почина откако врз него паднал крстот со распнатиот Исус, поставен во чест на папата Јован Павле Втори, во текот на престојната церемонија за канонизација на покојниот папа.

-Ова е голема трагедија. Млад живот, толку надежи, уништени на ваков начин – изјавил градоначалникот на местото Силвио Цитрони додавајќи дека кога пукнал дрвениот крст сите присутни се разбегале на сите страни, но несреќното момче отрчало во погрешен рпавец.

Останатите церемонии во чест на прогласувањето на папата за светец се одложени.

Загинатото момче било со мала физичка попреченост и бавно реагирал на кршењето на крстот, соопштија италијанските медиуми.

Несреќата се случи три дена пред Ватикан да ги прогласи за светец папата Јован Павле Втори заедно со папата Јован XXIII кој е роден Италијанец.

Да биде трагедијата поголема според весникот Кориере дела Сера, починатиот Гусмини заедно со семејството живее на улица именувана по папата Јован XXIII.

Статуата со Исус распнат на крстот е висока 6 метри и тежи околу 600 килограми. Распетието било фиксирано на земјата со кабли, а самото дрво било полно со вдлабнатини кои ги симболизирале лузните од Втората светска војна.