Момче пронајдено мртво во Драчево

Четириесет и шестгодишниот Б.В. од Драчево вчера пријавил во полиција дека го пронашол безживотното тело на Роберт К.(28) од Пробиштип, кој времено престојувал во Скопје.

Од страна на лекар констатирана е смрт и по наредба на ЈО  телото на починатиот е предадено за обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.