Момче со психичко растројство со нож го нападна братот

По меѓусебна расправија помеѓу браќата Б.Д.(1991) и Т.Д.(1993), во еден момент Т.Д. со нож му нанел убодна рана на Б.Д. во пределот на десната страна од главата (темето).

Како што соопштуваат од МВР, настанот се случил синоќа околу 23.30 часот во с.Градашорци-Струмица, во куќата сопственост на нивниот татко З.Д.(1965).

Од екипа на итна медицинска помош, Б.Д.  е пренесен во медицински центар Струмица од каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Т.Д. е приведен, се работи за лице со психичко растројство, кое се лекувало во Психијатриска болница Скопје. Истиот е задржан во СВР-Струмица за понатамошна постапка.