Момче терорист се обидело да изврши напад во Австрија

Австриските власти упасиле 14-годишно момче од Австрија со турско потекло поради сомневање дека тоа планирало да фрли експлозив на железничката станица Вестбанхоф во Виена, соопштија австриските медиуми.

За среќa властите навреме реагирале и го спречиле планот на момчето пред да се оствари. Момчето, како што се наведува пристапило кон Исламска држава и имало прецизни планови за извршување напад во Австрија.

На првото сослушување тоа признало дека на интернет се едуцирало за изработка на бомби и сакало во најбрзо време да реализира само еден од пеколните планови кои што ги имало замислено, во кои би требало да настрадаат многу луѓе. Момчето живее во Санкт Пелтен каде владее голема загриженост и страв дека некој би можел да има таков план.

Инаку, властите успејале да му влезат во траг на момчето во училиштето, затоа што тоа мошне чудно се однесувало во последно време. На крајот полицијата открила дека заедно со плановите за терористичките акции, момчето се подготвувало да тргне на џихад во Сирија.