Момче убиено пред училиште во Калуѓерица

Шеснаесетгодишниот Марко Ј. Вчера почина во Ургентниот центар, откако на него е пукано во дворот на старото ОУ: „Алекса Шантиќ“, на улица Радисав Игнатовиќ, во белградската населба Калуѓерица. Таткото на момчето, како што пишуваат српските медиуми, кажал дека во Марко било пукано од автомобил кој што се движел, но полицијата не ја потврдиле таа верзија.

До пукање дошло околу 22 часот,  а во момчето било пукано додека тоја со друштво седел во дворот на училиштето.

Момчето во Здравствениот дом во Калуѓерица било донесено со приватен автомобил, и веднаш било јасно дека се наоѓа во многу лоша состојба. Помеѓу другото, тој обилно крварел и од уста, изјавиле од дежурната служба во Калуѓерица, пренесуваат српските медиуми. Иако е веднаш префрлен во Ургентниот центар, Марко починал на одделението за реанимација.

Таткото на Марко го набљудувал увидот што се правел во училиштето и повтроувал дека не знае што се случило.

„Син ми излезе да се прошета со другарите, а потоа ми јавија дека е убиен. Не знам ни зошто ни како тоа се случило. Со никој не беше замерен , беше фин и мирен ученик“, кажал неговиот татко, додавајќи дека трагедијата се случила на само 300 метри од нивната куќа.

Во полиција се сомневаат во верзијата дека во момчето е пукано од автомобил во движење, бидејќи момчето е погодено во грб. Уште синоќа бил извршен претрес кај лицата кои со него биле во училишнио двор, за да се исклучи можноста некој од нив да пукал во Марко.

Според оваа верзија, момчето седело со пријателите, а во него е пукано кога тој почнал да излегува од дворот на училиштето.

461181_kaludjerica-ubistvo02rasfoto-dusan-milenkovic_ff

 

461180_kaludjerica-ubistvo01rasfoto-dusan-milenkovic_ff