Момче загина откако со возило се заби во семафор

Машко лице загина денеска околу 11 часот на раскрсницата од улицата „3-та Македонска Бригада“ и улицата „Коста Новаковиќ“ во општина Аеродром откако изгубил контрола управувајќи со своето возило марка „цитроен“ и се забил во семафор.

Лицето починало на лице место, а екипа на итната медицинска помош констатирала само смрт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.