Крими хроника

Момче загина во сообраќајка на автопатот Кичево – Гостивар

Момче загина во сообраќајка на автопатот Кичево – Гостивар

На автопатот Кичево – Гостивар кај местото „Сатеска“, вчера се случила сообраќајна незгода.

Се судриле „Мерцедес“ со охридски регистерски ознаки, управувано од Ќ.М.(1975) од селоПодмоље – Охрид и Моторцикл „Кавасаки“ без регистарски ознаки, управувано од Бетим Ш.(1990) од Кичево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Бетим кој починал на лице место, а Ќ.М. по укажаната лекарска помош во Кичево е пренесен во Ургентен Центар Скопје.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПО за БПС-Кичево.Сообраќајот бил во прекин од 18.20 до 20.30 часот.