Момчето кое си го пресече половиот орган ќе може да има деца

Младиот кочанчанец кој пред неколку дена си го пресече половиот орган ќе може повторно да биде сексуално активен и да има деца.

Тој самиот со секира пред три дена си пресекол дури две третини од половиот орган.

Овој 22-годишник, кој се` уште е во тешка психичка состојба, бил успешно опериран на Kлиниката за урологија во Скопје каде што во средата попладне му била направена интервенција врз половиот орган. Нормална ерекција ќе може да има по втората операција, која следува за еден месец.

Уролозите велат дека вакво посегнување по сопствениот полов орган имало и пред две-три недели во Штип, а пред цели 40 години некој човек од корен си го пресекол половиот орган.