Македонија,Крими хроника

Момчето повредено во сообраќајката во Велес во тешка состојба

Момчето повредено во сообраќајката во Велес во тешка состојба

Поради здравствени симптоми на кои се пожалил ноќеска уште еден од повредените во вчерашната сообраќајна несреќа на влезот на Велес е пренесен на Торакална хирургија. Дежурниот лекар на хирушкото одделение д-р Љупчо Леов вели дека по прегледите кои му биле извршени, ренгенски и снимања на компјутерска томографија, пациентот им рекол дека исплукал крв, објави Канал 5.

„Веднаш го транспортиравме на скопската клиника поради дополнителните прегледи и снимања што треба да бидат направени,“ рече д-р Леов.

Се следи и здравствената состојба и на останатите двајца повредени велешани кои се лекуваат во велешката болница. Денеска ќе им бидат направени дополнителни снимања. Назначена е компјутерска томографија на глава и врат на еден од нив, реле д-р Леов.

Најтешко повредениот учесник во несреќата, седумгодишното дете кое е брат на еден од мажите што се возеле во комбето „фолцваген шаран“ се бори за живот на скопскиот Ургентен центар. Полицијата и Јавен обвинител, по извршениот увид, ќе утврдуваат што се случило и ја предизвикало несреќата во која возилото излета од патот под Спомен костурницата на земјениот брег и падна дваесеттина метри долу на кружниот тек на влезот на Велес.