Момци, еве како да „смувате“ риба на плажа летово

Секоја година иста приказна, одите на летување со истото друштво. Но, додека вашите другари се плашат да не станат татко на детето со некоја туристка, вие немате потреба да се плашите од такво нешто. Еве план како полесно некоја риба да падне во ваши раце.

Како да ќарите риба на плажа

Мирисаат плажите на врело кокосово масло. Големи, средни и мали гради насекаде по сонцето и таман кога мислите дека не може да биде полошо се вртат на стомак, малку да им поцрне и задникот. А вие …. само сонувате! Навечер, кога ќе помислите дека вашата тортура завршила, ортакот ве моли малку да се прошетате, бидејќи сака да ја „приведе“ таа Гркинката „што е тотално добар“. И така ненаспани и исфрустрирани одлучувате: ОВАА ГОДИНА НЕМА ДА СЕ НАВЛАЖНАМ САМО ОД ВОДА!

Има само еден мал проблем: како да „смуваш“ некој риба? Еве план.

Купете ја најскапата крема за сончање

Додека вашите другари не се мачкаат со ништо, купете ја најскапата крема за сончање. Потоа суптилно изложете ја на женски погледи. Чекајте ги – кога ќе ја видат вашата крема од крв од девица од Атлантида, сите ќе посакаат да се намачкаат. Тогаш само ви останува да ги изложите на вашите суперсонични допири со масажа која предизвикува на навлажување на костимот за капење дури и на суво. Особено на долниот дел.

Облечете опасен костим за нуркање

Барем 60 отсто од работата лежи во тоа да бидете забележани. Со нуркачкиот костим во дречлива жолта боја нема утка. Со таков морски аутфит сите девојки ќе гледаат во вас. Па, кога ќе ве забележат на вас останува да ги шармирате.

Вработете се како спасувач

Жените сакаат да се чувствуваат заштитено, а ако таа заштита ја пружате вие, ќе најдат начин како да ви се заблагодарат. Освен тоа, ќе ве плаќаат за вашето очајничко скокање во вода за секоја добра риба. Секако, ќе морате да спасите и некое дете или баба, но сето тоа ќе се исплати.

Стартувајте ги на куп

Ако пријдете на друга од дваесетина девојки наместо на една се зголемуваат шансите дека една од нив толку ниско паднала што ќе оди дома  со вас. Кога ќе почнете , зборувајте прво со најнеубавата. Стар трик, ама функционира. Имено, таа најнеубавата би ве минирала кај најдобрата девојка. Но, вака ќе ве фали на другарките и ќе ви ги зголеми шансите за 90 отсто.

Играјте одбојка

Ако случајно погодите некоја жена во глава, можеби би сакала да „плива со вас во длабокот“. Ако сте лоши во одбојка, украдете ги сите шешири и чадори за сонци па можеби поради сунчаница некоја жена ќе гледа поинаку на вас. Знаеме дека звучи како премногу труд, но погледнете се во огледало. Ќе ви треба. Во студијата спроведена на Универзитетот во Градотштонепостои докажано е дека зашеметените жени се расположени да имаат секс со лузери како вас.

 

 

Имајте убав летен одмор – се надеваме дека ова лето ќе биде најжешко досега.