Моменти кога паметните телефони не се најпаметен избор (ВИДЕО)

Во светот се’ повеќе расте зависноста од користењето на паметни телефони, но со тоа,  во прогресија се бележат и повеќе несреќи, предизвикани токму од опседнатоста од овие уреди.

Секојдневна слика е луѓе што зјапаат во своите паметни телефони, додека преминуваат на пешачки премин, или едноставно се движат некаде. Занесени во својот телефон додека возат, патуваат со јавен превоз, или се симнуваат по скали…

Привлечноста на социјалните медиуми, игрите, и музиката на вашиот паметен телефон е навистина голема, но многу често на таа сметка се случуваат незгоди, па дури и фатални несреќи…

Во видеата подолу ќе видите дел од вакви ситуации, меѓу кои има и секако комични елементи кои говорат за тоа до каде би можела да оди глупоста на човекот, но и сообраќајни незгоди кои само ја потврдуваат сериозноста од зависноста од преголема употреба на паметни телефони.