вторник, 10 јануари 2017  |  Вести денес: 48

Моментниот македонски приоритет: Одржување на изборите и протерување на Бејли

Против Македонија се води војна со сите можни средства, со исклучок на воена агресија. И таа агресија бара жестока организација и отпор од нас. Отпор на секаков начин - потфатите не се битни, битно е единствено да опстоиме и да победиме.

StefanVlahovMitcov

Стефан Влахов Мицов

Иако во досегашниот живот сум напишал безброј политички анализи (не сум аматер како 90 отсто од колумнистите) никогаш не сум имал политички амбиции. Одвратни фаци како Бејли, Ван Хауте, Гарет, Орав, Хан од една страна и на македонски криминалци и предавници од друга, будат во мене желба за политика, за да биде покажано дека тоа што го пишуваме во нашите колумни со Мирка Велиноваска, Дарко Јаневски, Миленко Неделковски е остварливо на практика.

ОСТВАРЛИВО Е ДА СЕ КАЖЕ НА СИТЕ НАДВОРЕШНИ И ВНАТРЕШНИ ПАРАЗИТИ ВРЗ МАКЕДОНИЈА „АЈ СИКТЕР!“ И НЕ САМО ДА ИМ СЕ КАЖЕ, НО И ДА СЕ СПРОВЕДЕ НА ДЕЛО.

Невидено чудо е кога странците од САД и ЕУ ги отвориле своите канџи над Македонија, македонски „кооперативни идиоти“ да трескат глупости за западна подкрепа. Не еднаш веќе пишував дека во драматичната состојба на македонската држава единствено позитивно е што сите македонски граѓани се разоткрија. Видовме за кого главниот приоритет е сочувување на Македонија како територијален субјект на македонскиот народ, со своето македонско име и идентитет и тие кои го сакат истото, но се плашливи, не се спремни да се борат, ами чекаат некој Биг Брадар однадвор да им ги оствари желбите. Ги видовме политичките марионети за кои македонската држава практично не е татковина и за власт и пари се спремни да ја продадат. Видовме дека ДУИ од 2001 година до денес продолжува да биде терористичка организација, а ДПА и е соработник во обидот да се уништи Македонија. Сите маски се веќе симнати: и на предавниците од СДСМ, и на соросоидите, и на Ахмети и Тачи, и на претенциозните терористи од БЕСА. Ги видовме и сите македонски непријатели однадвор.

ДОТТУКА СТИГНАВМЕ ЗАРАДИ МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПРЕДАВНИЦИ ВО ПОСЛЕДНИВЕ 25 ГОДИНИ, КОИ СТРАНЦИТЕ ВЕШТО ГИ ИСКОРИСТИЈА ПРОТИВ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Нихилизмот ја опфатил целата така наречена македонска елита/албанската елита секогаш била разурнувачка/и нов доказ за тоа се изјавите на Поповски и Мирчев дека доаѓањето на новиот германски пратеник Јоханес Хајндл било добра порака од ЕУ. Ако министер за надворешни и советникот на Претседателот го изгубиле умот што повеќе да зборуваме за други државни службеници. За какво Пржино, за каква криза, за какви договори зборуваат „кооперативните идиоти“?

ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА СЕ ВОДИ ВОЈНА СО СИТЕ МОЖНИ СРЕДСТВА, СО ИСКЛУЧОК НА ВОЕНА АГРЕСИЈА.

И таа агресија бара жестока организација и отпор од нас. Отпор на секаков начин – потфатите не се битни, битно е единствено да опстоиме и да победиме.

ДА ПОБЕДИМЕ И ДА РАСЧИСТИМЕ ПОЕДИНЕЧНО СО СИТЕ САМОДЕКЛАРИРАНИ ПРЕДАВНИЦИ.

Во споредба со периодот до 1991 година сега нема оправдување дека некој ќе настрада невин. Македонските така наречени интелектуалци, професори, уметници, писатели овие години имаа доволно можност да се изјаснат кој за што е. И го направија: се виде кој е Македонец а кој Југословен, се виде кој е за независна македонска држава, а кој за колонијална Македонија, кој е за федерализација а кој за унитарна држава. Видовме и кој како работи за Македонија, кој добива пари од странски амбасади, од тајни служби, од соросови проекти за уништување на македонскиот идентитет. Сето тоа го видовме.

ИЗБОРИТЕ НА 5 ЈУНИ МОРА ДА БИДАТ ПОЧЕТОК ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ ЗА СИТЕ ТИЕ 25 ГОДИНИ.

Само што дотогаш мора да бидеме спремни за секакви диверзии од Бејли и албанските терористи. Работата на ДИК е да спроведува избори согласно Уставот на Република Македонија. Не е нејзина работа да размислува, а уште помалку да сугерира за собирање на распуштеното Собрание. Многу чудно и идиотско е на чело на ДИК да биде опозиционер. Во сите нормални земји составот на ДИК е според резултатите од претходните избори и претседателот се избира од владејачката партија. Во досегашното Собрание ВМРО-ДПМНЕ имаше мнозинство, затоа пет членови на ДИК мораше да бидат избрани од таа партија, а СДСМ, ДУИ и ДПА да имат вкупно четири. Затоа што ДИК е потчинет на Владата и мора да се преземат мерки за оттаму да не доаѓаат шпекулации. Много чудно е повлекувањето на 50 отсто од македонската армија од границата. Тоа е нов обид за диверзија од страна на министерот Јолевски. Таа американска марионета одамна мораше да биде разрешена, но Иванов и Груевски немаа храброст да го истерат човекот на САД. По ултиматумот на Бејли за прекршување на македонскиот Устав и собирање на Собранието, овој американски диверзант мораше веднаш да биде прогласен за персона нон грата. Само што нашите политичари и пред лицето на јавниот непријател немаат храброст да го истерат како валкана мачка.

ДОБРА Е ИЗЈАВАТА НА ГРУЕВСКИ ДЕКА ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ ЌЕ ИМА ПО СЕКОЈ ЦЕНА.

Само што тоа ветување мора да се оствари по секоја цена. Истовремено, за по изборите, Груевски продолжува да тактизира во негов стил, биле спремни за повторни избори за да можело да гласаат и предавниците. Тие имаа можност да гласаат на 5 јуни, можеа да поднесат листи и за независни пратеници.

МНОГУ ПАТИ СУМ КАЖАЛ И ПИШУВАЛ ДЕКА АКО НЕШТО ЈА ИЗЈАДЕ ГЛАВАТА НА ГРУЕВСКИ, ТОА ЌЕ БИДЕ НЕГОВИОТ ЛИБЕРАЛИЗАМ.

Уште од почетокот (2006 година) мораше да дејствува како Ердоган и дури поцврсто. Но, ако сака и понатаму да го афирмира својот либерализам, по изборите нека состави Влада со министри кои брзо ќе ги средат предавниците, а потоа да се повлечат и тој да продолжи да си управува на чисто. Во светската историја има многу примери за министри спремни за саможртва за Татковината.

Ќе се најдат и во нашата Македонија.

Најчитани вести