четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Моментно немаме ни македонски лидери, ни херои

StefanVlahovMitcov

Стефан Влахов-Мицов

Овој текст не е наменет за македонските „продадени души“ – политичари, новинари, скопени интелектуалци, подметнати фаци „ала Че Гевара“ и „ала Кастро“, автори на лозунзи и мантри и мајстори на пукање во празно. Овој текст не е наменет за либерални идиоти, кои се колнат во „вредностите“ на Вашингтон и Брисел. Ниту пак за „кооперативци“, кои сакаат соживот со своите душмани.

ОВОЈ ТЕКСТ Е ЗА МАКЕДОНЦИ ПО ДУХ, СПРЕМНИ ДА СЕ ЖРТВУВААТ И ДА УМИРАТ ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА.

ПРВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

НА БАЛКАНОТ АКТИВНО СЕ СПРЕМА ВОЈНА. ТАА МОЖЕ ДА ПРЕРАСНЕ ВО НОВ ПОЧЕТОК НА СВЕТСКА ВОЈНА ИЛИ ВЕДНАШ ПО НЕЈЗИНИОТ ПОЧЕТОК ДА ИЗБИЕ НА ДРУГО МЕСТО, ОДНОСНО ДА СЕ ПРОШИРИ НА БАЛКАНОТ.

а) Албанскиот премиер Рама не само што најави создавање на „Голема Албанија“, туку и праќа оружје во Косово; во тој американски протекторат, како и во Албанија веќе има делумна мобилизација.
б) Србија и Република Српска се спремaат за вооружен отпор на албанската агресија, која е поддржана од САД. Затоа американскиот амбасадор во Тирана Доналд Лу ги нагласи зборовите на Рама за обединување на Косово со Албанија само како „невнимателни“. Демек, не било потребно да се најавува јавно тоа што се спрема.
в) Хрватска подбуцната од Вашингтон и Брисел, се вооружува против Република Српска.
г) Во Бугарија деновиве има раздвижување на воени трупи и на воена техника, наводно за големи НАТО-вежби во Бугарија, Романија и Унгарија. Тие вежби (во регионот на Бургас има цела дивизија) можат веднаш да се трансформират за почеток на војна. Уште повеќе, во новата влада на Борисов за вицепремиер и министер за одбрана се спрема фашистот Каракачанов. Едно истражување пред изборите во Бугарија (afera.bg од 19 март) покажа дека овој националист и антимакедонец добил 28 милиони евра од трговијата со бугарските пасоши за македонските државјани.
д) По успешниот референдум во Турција, Ердоган спрема имигрантска казна за Европа и воена „прошетка“ низ Бугарија.

ВТОРО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

а) Сценариото за агресија врз Македонија предвидува општ напад на терористи од Косово и на сепаратисти-Албанци одвнатре. Во тој дух беше и изјавата на градоначалникот на Дебар дека „крвта и душата ни се во Тирана и Дебар станува населба на Тирана“, како и на скопскиот муфтија Зекерија Идризи: „Македонија нема да види бел ден се додека не видам минаре до Крстот на Водно“.
б) Постои опасност за бугарска агресија врз Македонија, иако таква агресија Турција може да ја спречи.
в) На 21 април Департаментот за информации во Руското МНР излезе повторно со остра осуда на спреманата агресија од Албанија и Косово, кои се поддржани од САД и ЕУ.

ТРЕТО ПРЕДУПРЕДУВАНЈЕ:

а) Во момент кога државите на Балканот се вооружуваат и се спремат за војна, во Македонија со исклучок на Претседателот ИВАНОВ, НЕ ПОСТОИ ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ЌЕ ГО БРАНИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВАТА.
б) Груевски и неговата министерска „детска градинка“ играат кошарка со американскиот шпиун „Никола Тесла“ и не им е гајле за Македонија.
в) Сè уште владејачката ВМРО-ДПМНЕ секојдневно излегува со жалења и некролози за иднината на државата, без да преземе ништо конкретно.
г) Моментно имаме обединет фронт на сите албански партии во Македонија за нејзино целосното уништување. Наспроти тој фронт се две македонски партии – една (СДСМ) која е директно предавничка и другата (ВМРО-ДПМНЕ) која е пацифистка и импотентна. НЕ ПОСТОИ НИ ЕДНА ВИСТИНСКА НАЦИОНАЛНА МАКЕДОНСКА ПАРТИЈА СО МАКЕДОНСКИ ДУХ, МАКЕДОНСКА ПРОГРАМА И МАКЕДОНСКО ЛИДЕРСТВО. СО ДРУГИ ЗБОРОВИ: НАСПРОТИ СИТЕ ПРОЗАПАДНИ ПАРТИИ, НИ ФАЛИ ЕДНА ПРОМАКЕДОНСКА ПАРТИЈА.

ЧЕТВРТО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

а) Македонскиот народ е спремен да ја брани државата, своето име и идентитет, но е пацифистички зомбиран и залажуван со мантри за идна „победа“ преку барања за избори со учество на истите антимакедонски и антидржавни фаци.
б) НАРОД, КОЈ СЕ БОРИ ЗА СВОЈОТ ФИЗИЧКИ И НАЦИОНАЛЕН ОПСТАНОК, ЗА СВОЈАТА ДРЖАВА, ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ, НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОВЕЌЕ ИНСТРУМЕНТ НА ПАРТИИ И ПОЛИТИЧАРИ, НЕ СМЕЕ ДА БАРА ОД НИВ ТУКУ МОРА ДА ИМ ДАВА УЛТИМАТУМИ.
в) Нови избори ДА, НО САМО СО МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА, СО НОВИ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ И СО НОВИ ЛИДЕРИ.
г) ВО ТАА ПРОГРАМА ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА ПОСТОИ ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ВОЕНО НЕУТРАЛНА ДРЖАВА И СОЗДАВАЊЕ НА ВОЕНИ СОЈУЗИ СО РУСИЈА И СРБИЈА, НАПУШТАЊЕ ЗА ПРИЕМ ВО ЕУ И НАТО, ЗАБРАНА НА СИТЕ СТРАНСКИ ИНСТАЛАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА, КОИ РАБОТАТ ПРОТИВ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ И ДРЖАВНИ ИНТЕРЕСИ.
ДОКОЛКУ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КОЈ Е НА УЛИЦА, НЕ ГИ ИСФРЛИ НА НАЈБРЗ МОЖЕН НАЧИН ПРАТЕНИЦИТЕ ОД СОБРАНИЕТО, А ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ НЕ ФОРМИРА ВОНРАДНА ВЛАДА, НЕМИНОВНО ЌЕ ЗАВРШИМЕ КАКО ВО ВРЕМЕО НА БАЛКАНСКИТЕ И НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА.

Најчитани вести