МОН демантира: Нема шуга во „Владо Тасевски“, училиштето е безбедно

Министерството за образование и наука ги демантира во четвртокот шпекулациите и дезинформациите кои се појавија во дел од медиумите во врска со појавата на заразната болест во основното училиште „Владо Тасевски“ во скопската општина Карпош.

„Ја уверуваме јавноста дека во училиштето нема појава на заразна болест, а родителите можат да бидат спокојни и сигурни дека нивните деца се безбедни. Станува збор за случај пријавен минатиот четврток од страна на родителот на детето, за изолиран случај што се јавува во одредено семејство, кој е совесно пријавен од страна на родителот“, се наведува во соопштението.

Од министерството за образование се наведува уште и дека по добивањето на пријавата, директорката на училиштето веднаш презема итни превентивни мерки, и од страна на Центарот за јавно здравје направен е систематски преглед кај учениците од овие паралелки, по што било утврдено дека нема присуство и други случаи на заразна болест во училиштето, туку дека станува збор за изолиран случај што не се јавува во училиштето.

Дополнително, по завршувањето на наставата од страна на Центарот за јавно здравје, повторно превентивно, направена е целосна дезинфекција и дезинсекција на училишниот објект.