МОН формира Комисија за скенирање на состојбите во високото образование

Веднаш по формирањето на новата Влада, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, со цел да се запознае со состојбата во високото образование, со посебен акцент во приватните образовни установи, одлучи да формира посебна комисија за скенирање на состојбите во оваа сфера.

Од Министерството информираат дека овој процес обезбедил целосна слика за високото образование, особено на приватните универзитети,  со цел да се изградат политики кои ќе имаат вистинска поддршка и истите да служат за унапредување на образованието во земјата и да се обезбедат услуги и поквалитетни студиски профили, во согласност со побарувачката на пазарот на труд дома и во странство.

„Имено, комисијата ги дефинираше индикаторите за мерење на квалитетот на универзитетите и усвои методологија за скенирање на работата на високообразовните институции во Република Македонија. За ова се известени и сите приватни универзитети во земјата. Во рок определен од страна на МОН сите универзитети одговориja на барањата на Комисијата со пополнување на соодветната документација и формулари за овој процес. Информираме дека сите претставници на четиринаесет приватни високообразовни институции во Република Македонија ja поздравија оваа иницијатива на МОН за подигање на квалитетот на високото образование во земјата и соработуваа на коректен начин, стои во соопштението од МОН.

По завршувањето на првата фаза (комплетирање на податоците од приватните институции во високото образование), Комисијата ги посети сите засегнати институции, и во соработка со нив, сега веќе е комплетирана целокупната документација. Од извршената контрола констатирани се и нерегуларности, како технички така и суштински, кои, како такви, се очекува наскоро да бидат надминати.

Од МИН информираат дека по завршувањето на овој процес, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, ќе се сретне со сите претставници на приватните високообразовни институции и ќе ја информира јавноста во врска со затекнатата состојба и надминување на евидентираните неправилности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.