МОН ги повикува СОНК утре на средба

Согласно повиците на СОНК во изминатите неколку денови за продолжување на разговорите во рамки социјалниот дијалог, Министерството за образование и наука го повикува на средба раководството на синдикалната организација, во недела во 11:00 часот во просториите на Министерството.

Истовремено, Министерството информира дека зголемувањето на платите на вработените во областа на образованието е дефинирано во Програмата за работа на Владата, при што за оваа календарска година предвидено е зголемување за 4%, додека во следните години зголемувањето ќе зависи од буџетските можности.

Исто така, Министерството прифаќа дебата и за унапредување на системот на екстерното тестирање, но единствено во насока на зголемување на знаењето на учениците и подигнување на објективноста на наставниците при оценувањето.