МОН ги прифати барањата на студентите

Министерството за образование и наука информира дека е прифатлив предлогот кој вчера го изнесоа претставници на дел од студентските парламенти во Македонија, а кој се однесува на можноста за студентите да полагаат една третина од предметите во третата студиска година, независно од тоа дали го положиле или не го положиле првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година.

– Предлогот на студентите е надополнување на првичната иницијатива на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ – Охрид, кој побара студентите да можат да одат на предавања, односно да слушаат предмети од третата студиска година, независно дали го положиле првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година, соопшти МОН. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.