МОН го објави конкурсот за 2.905 студентски стипендии

Министерството за образование и наука на Република Македонија го објави Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи.

Од МОН информираат дека во првата група ќе се доделуваат 1.500 стипендии во износ од 3.000 денари, за студенти од социјални категории

Во втора група: 630 стипендии во износ од 4.000 денари (590 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 40 стипендии за  студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9,00 просечен успех; 125 стипендии во износ од 5.500 денари (105 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 20 стипендии за  студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 9,00 просечен успех;

3. Трета група – 650 стипендии во износ од 3.000 денари (620 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 30 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех.

 

Стипендиите се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година. Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и кои ги исполнуваат следните услови: да се редовни студенти; да не повторувале година во текот на студирањето;   да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании; студентите од II-та  студиска година да не се постари од 22 години;

Студентите треба да се пријават за стипендиите од 23-ти декември до 16-ти јануари.