петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 26

МОН го стави во функција порталот за тутори

Бесплатни дополнителни часови по одредени предмети ќе можат да добиваат учениците од шесто до деветто одделени во основно образование и учениците од прва до четврта година во средно образование.

spiro-ristovski

Последни вести

Интeрактивниот портал за тутори www.tutori.mon.gov.mk на Министерството за образование и наука преку кој ќе им се помага на учениците да добиваат бесплатни дополнителни часови од страна на студентите од денеска е во функција. Овој портал ќе ги поврзе родителите на учениците на кои им се потребни дополнителни бесплатни часови и студентите-тутори.

Сите заинтересирани студенти од први до 30 октомври ќе можат да се пријавуваат за тутори.

Заменик министерот за образование и наука денеска истакна дека бесплатни дополнителни часови по одредени предмети ќе можат да добиваат учениците од шесто до деветто одделени во основно образование и учениците од прва до четврта година во средно образование.

-За да се стекне статус на тутор, апликантот треба да ги исполнува следните услови: да е редовен студент, да не му е изречена казна односно забрана за вршење на професијата, да достави препорака од еден или повеќе професори кои му предаваат соодветен предмет и го предложуваат како студент подобрен за подучување и по предметот за кој се пријавува да подучува да има просечен успех од најмалку 8.

За тоа кој студент ќе може да биде тутор ќе одлучува посебна Комисија составена од претставници на МОН и Бирото за развој на образованието, наставници од основно и средно образование, универзитетски професори и психолози. Секој студент ќе може да биде тутор по најмногу 4 предмети, односно на 4 ученици да им предава по еден предмет и тоа по еден час седмично.

Ристовски посочи дека родителите на учениците ќе можат да избираат студент-тутор за своите деца од 18-ти до 25 ноември .

-Откако родителот односно старателот ќе селектира тутор, системот ќе испрати автоматска порака на електронската адреса на туторот, а тој ќе има обврска повратно да одговори во рок од 5 дена, рече Ристовски.

Студентите тутори доколку им помогнат на најмалку 2 ученика да се стекнат со повисока оценка по соодветните предмети ќе добијат дополнителни 10 поени при аплицирањето на конкурсот за студентски стипендии следната година.

Најчитани вести