Македонија

МОН и Британскиот совет потпишаа меморандум за соработка

МОН и Британскиот совет потпишаа меморандум за соработка

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и извршниот директор на Британскиот совет во Македонија Елеонора Запрова, денес потпишаа Меморандум за оперативна соработка.

Целта на овој Меморандум е да се воспостави соработка помеѓу Британскиот совет во Македонија, и Министерството за образование и наука, за да се обезбедат консултантски услги за спроведување на подготвителни активности за проектот „Имплементација на легислативата за взаемно признавање на професионалните квалификации“.

Финансиските средства за консултантските услуги ќе бидат обезбедени од страна на Британскиот совет во Македонија и Министерството за образование и наука.