МОН ја објави ранг-листата на наставниците и професорите од екстерното тестриање

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека денес, 21.8.2014 година на интернет страниците mon.gov.mk и dic.edu.mk, објавена е ранг листата на наставниците од основните и средните училишта, изработена согласно извештајот со резултатите од спроведеното екстерно проверување на постигнувањата на успехот на учениците за учебната 2012/2013 година.

Согласно одредбите во законите за основно и средно образование, наставниците коишто се наоѓаат во долниот дел од оваа ранг листата, односно 20% од вкупниот број на наставници коишто имаат најголеми отстапувања во оценувањето на учениците во учебната 2012/2013 година, ќе добијат соодветна стручна советодавна помош, односно ќе посетуваат советодавни обуки коишто ќе бидат организирани од страна на Бирото за развој на образованието, за што дополнително ќе бидат информирани.

Додека, решенија за зголемување, односно намалување на платите на наставниците согласно извештај со резултати од спроведено екстерно проверување на постигнувањата на успехот на учениците, ќе се изготуваат почнувајќи од учебната 2013/2014 година, за која, согласно законските одредби, извештајот ќе бидe објавен во втората недела на месец септември.