МОН: Новата учебната година почнува на 4 септември

Учебната 2017/2018 година за јавните основни и средни училишта ќе почне на 4 септември (понеделник), информира денеска Министерството за образование и наука.

Календарите за организација на учебната 2017/2018 година во јавните основни и средни училишта ќе бидат објавени во Службен весник на Република Македонија.

Од МОН во соопштението на сите ученици, наставници и професори им посакуваат успех во новата учебна година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.