МОН: Отворени сме за нови идеи кои ќе го подобрат образовниот процес

Министерството за образование и наука со позитивна реакција за денешниот предлог на Универзитетскиот Сенат на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, за иницирање сеопфатна расправа од која би произлегол предлог за нов закон за високо образование.

„МОН е секогаш отворено за дијалог и за аргументирани идеи кои значат унапредување на високото образование и понатамошни реформи кои ќе бидат од интерес за сите чинители во образованиот процес. Министерството е подготвено во следниот период да организира процес на сеопфатна, стручна и темелна анализа со сите субјекти во оваа сфера, како и разгледување на најдобри практики и искуства во оваа сфера, процес од кој би можеле да произлезат предлози за реформи и подобрувања во високото образование“, се вели во соопштението на министерството.