МОН: Пријавувањето за патување за најдобрите студенти завршува утре

Пријавувањето за наградно патување во Париз, Барселона или Венеција за најдобрите студенти трае до утре, 18 март, потсетува Министерството за образование и наука.

Може да аплицираат студентите од првите три најдоброрангирани универзитети: „Св. „Кирил и Методиј“-Скопје, „Гоце Делчев“-Штип и Универзитетот на Југоисточна Европа-Тетово.

– Останати услови кои треба да ги исполнат студентите се: да немаат повторувано година, да имаат просек над 9,5 и да го имаат положено последниот испит од студиите најдоцна во јануарската испитна сесија годинава, не подоцна од 15 февруари, а сè уште да ја немаат одбрането дипломската работа, односно да го немаат подигнато уверението за завршено високо образование, доколку на нивниот факултет не е предвидено бранење дипломски труд, соопшти МОН.

Студентите што ги исполнуваат условите треба најдоцна до утре до Министерството за образование и наука да достават пополнета пријава.  Патувањето во Париз, Барселона или Венеција е со целосно покриени трошоци за сместување, за храна и за авионски превоз.

Јавниот повик со сите дополнителни информации е достапен на интернет-страницата на Министерството за образование и наука  www.mon.gov.mk.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.