МОН: Распустот продолжен, второто полугодие почнува на 23 јануари

министерството

Согласно барањата на училиштата за продолжување на зимскиот распуст и климатските услови,  во консултација со Министерството за здравство дека во периодот на распустот  бројот на пациенти со грип е значително намален, донесовме одлука зимскиот распуст да трае една недела подолго, односно наместо на 18, второто полугодие од оваа учебна година да почне на 23 јануари, соопштуваат од Министерството.