МОН: Се пласираат информации стари 11 години

Објективното информирање на јавноста е етичка и морална обврска  и одговорност на секоја институција, медиум, граѓанска организација и воопшто на секој општествен чинител кој пласирајќи информации во јавноста се обидува да влијае на јавното мислење, се вели во реакцијата од МОН.

„Во дел од медиумите изминатите денови беа пласирани информации поврзани со образовната структура во земјата, кои датираат од 2002 година, (од типот дека секој четврти млад човек е со завршено основно образование), без конкретно наведен извор, а се препишуваат како неуспех на актуелната Влада. Сепак, споменатите податоци од пред  11 години, без разлика на нивната веродостојност, упатуваат на состојби од некое друго време, во период кога образованието не беше приоритет на извршната власт и кога не се вложуваше во неговиот напредок, за разлика од денес кога тоа е подостапно од било кога за секој еден граѓанин на Република Македонија и секоја година има значителен напредок којшто се нотифицира и во извештаите на Европската комисија стои во реакцијата.

 

Со законските одредби со коишто основното и средното образование станаа задолжителни, со подобрувањето и проширувањето на образовната инфраструктура на сите нивоа, бесплатните учебници и превоз за учениците, отворањето на нови државни унверзитети, факултети и дисперзирани студии, имплементација на проектот 30/35, бројните множности за стипендирање, проектите за образовна инклузија на социјално ранливите категории на граѓани и така натаму, образовната статистика е во многу подобрена. Тоа го говорат сите понови податоци коишто свесно или несвесно, не се објавени во медиумиските извештаи, а кои говорат дека политиките на Владата на Република Македонија во делот на образованието континуирано даваат резултати. Тоа е мотив и за сите понатамошни цврсти заложби во интерес на граѓаните и нивните образовни потреби, велат од МОН.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.