Монако брои 15 милиони евра за Жереми Менез

Директниот ривал за шампионската титула во француската Прва лига, тимот на Монако е последниот кој потврди дека ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на проблематичниот крилен напаѓач на ПСЖ, Жереми Менез.

Повремениот репрезентативец на Франција сигурно ќе си замине од „Паркот на Принцовите” за време на зимскиот преоден рок, единствената причина за неговото заминување е лошиот однос кој го има со тренерот на „светците”, Лорен Блан.

Официјална понуда од најмалку 15 милиони евра за Менез, освен сопственикот на Монако, рускиот милијардер, Димитри Риболовлев, најверојатно ќе испрати генералниот менаџер на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Џузепе Марота.