Монако игра за заверка на втората позиција

Минимална но злато вредна победа од 3:2, на тешкото гостување во Монпеље, забележаа фудбалерите на Олимпик од Марсеј кои и понатаму се во игра за четвртата и петата позиција на табелата и за пласман во групната фаза од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Кога се во прашање денешните натпревари од 33. коло во француската Прва лига, убедливо најголемо внимание привлекува дуелот помеѓу екипите на Рен и Монако.

Домаќинот е на добар пат да обезбеди опстанок во елитното друштво, додека новајлијата во елитното друштво е на добар пат да заврши како второпласиран и на тој начин да обезбеди директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.

Денеска на програмата: Лил – Валенсиен, Ајачио – Бордо, Евијан – Бастија, Ница – Лориент, Рен – Монако, Сошо – Тулуз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.