Монако на еден чекор од Лигата на шампиони

Новајлијата во француската Прва лига, тимот на Монако забележа минимална победа во првенствениот дуел против гостинскиот тим на Ница и со освоените три бода избраниците на Клаудио Раниери направија уште еден голем чекор кон освојување на втората позиција на табелата и кон директниот пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.

Погодокот вреден три бода, постигнат во 5 минута беше дело на бугарскиот интернационалец, Димитар Бербатов.
Без победник и без погодоци заврши вториот дерби натпревар од 34. коло, дуелот на “Велодром” помеѓу екипите на Олимпик од Марсеј и Лил.

Резултати: Монако – Ница 1:0, Бастија – Ајачио 2:1, Бордо – Генгамп 5:1, Лориент – Монпеље 4:4, Римс – Сошо 0:1, Валенсиен – Нант 2:6, Марсеј – Лил 0:0.