Спорт

Монако преголем залак за Нант

Монако преголем залак за Нант

Четири погодоци, три во гостинската и еден во домашната мрежа, беа постигнати на најинтересниот неделен натпревар од 32. коло во француската Прва лига, дуелот помеѓу новајлиите во елитното друштво, Монако и Нант.

Најзаслужен за освоените три бода е колумбискиот интернационалец, Џејмс Родригез кој беше вистински кошмар за противничките фудбалери, а маестралната парија ја круниса со два прекрасни погодока.

Минимална победа од 2:1, на тешкото гостување во Валенсиен, остварија фудбалерите на Олимпик Лион, а без победник, 1:1, заврши пресметката помеѓу екипите на Сент Етјен и Ница.