Монако се сопна и од Лил

Без победник, 1:1, заврши најинтересниот неделен натпревар од 30. коло во француската Прва лига, дуелот помеѓу второпласираниот Монако и третопласираниот тим на табелата, Лил.

Сигурна победа од 3:1 во дуелот против екипата на Сошо, забележаа фудбалерите на Сент Етјен, а минимална победа од 1:0 на гостувањето во Генгамп, остварија фудбалерите на Олимпик од Лион.