Моника Белучи, најстарата Бонд девојка на која и завидуваат младите генерации

И додека со месеци наназад се шушкаше која ќе биде новата Бонд девојка, а медиумите погодуваа и споменуваа многу познати дами, дури и пејачата Ријана, дефинитивно изборот падна на Моника Белучи.

Педесетгодишната глумица ќе му биде партнерка на Даниел Крејг што е историско случување бидејќи Бонд девојките отсекогаш биле млади.

Во јавноста беше најголемо изненадување, но многу позитивно, па на официјалното фотографирање Моника го привлекла вниманието. Таа се појавила многу расположена во тесен црн фустан со црвени точки преку кој уште еднаш истакнала дека нејзините години се само бројка и дека можат да и подзавидат многу млади колешки.

Овој филм ќе биде исклучок по уште едно нешто, имено популарниот агент ќе има две Бонд девојки.

monika-beluci-1417715603-52043