Магазин

Моника Белучи: Педесетите се подобри од дваесетите!

Моника Белучи: Педесетите се подобри од дваесетите!

Преубавата Моника Белучи пред два дена го прослави педесетиот роденден и порача дека педесетите се подобри од дваесетите години.

-Наполнив 50, не се залажувам со размислувања дека и понатаму можам да имам енергија како дваесетгодишна девојка. Не би се вратила во тие години. Во четириесетите бев борец, а сега е време за препородување, рекла Моника Белучи во излагањето по повод новиот филм за Бонд. Во филмот, нагласува актерката, ја глумам жената, а не девојката на Бонд.

Таа истакнува дека воопшто не сака јавни настани.

-За мене нема ништо полошо од одењето во Кан, рекла таа.

Моника не води претерана сметка за својот изглед.

– За својата убавина можам да им се заблагодарам исклучиво на гените.

-Не вежбам, не трчам, сакам да јадам, едноставно кажано – мрзелива сум! И од тоа не бегам, вели Моника Белучи која пред две години се разведе од актерот Винсент Касел, со кого има две ќерки.