Моника повторно пуши џоинт пред камера и прашува: Дома дозволено е?

Моника Ристеска која беше приведена бидејќи на јавно место пушеше марихуана, а потоа пуштена, повторно објави видео како пуши џоинт.

Таа во видеото објавено на нејзиниот фејсбук-профил, прашува дали пушењето е дозволено дома и воедно констатира дека е богохулие да се забрани оваа лековита билка.

Секоја употреба е медицинска, а рекреативно тоа е превентивно, заклучува таа на крајот од видеото.

Девојката беше приведена во Градскиот парк, на фестивалот „Конопфест“. По излегувањето од полициска станица, таа се огласи на Фејсбук.

Ме уапсија без некаква основа. Налогот за претрес го донесоа отпосле, тврди Моника.

Таа вели дека при претресот, кај неа не било пронајдено ништо. Таа вели дека не е дилер, туку активист кој се бори за легализација на марихуаната. Моника вели дека полицајците ја уапсиле затоа што, како што ѝ рекле, била лош пример за младите со тоа што одела против државата и полицијата.

Кога го прашала инспекторот што ќе ѝ се случи по приведувањето, тој ѝ рекол дека сега судот треба да одлучи и дека најверојатно ќе добие опомена.

Во прилог видеото:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.