Мониторинг станица за следење на квалитетот на водите на Преспанското Езеро

По повод 22 Мај, Меѓународниот ден на биолошката разновидност, денеска во ресенското село Стење свечено ќе биде пуштена во употреба Првата мониторинг станица за испитување и следење на квалитетот на водите на Преспанското Езеро.

Воедно ќе се организира и посета на единствениот остров во Македонија – Голем Град, каде што ќе биде организирана изложба на сликарката Кристина Зимбакова под наслов „Микориза“.

На свеченото отворањето  се очекува да се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, ресенскиот градоначалник  Ѓоко Стрезовски,  постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Луиза Винтон, и швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото.