Македонија

Мониторирани активностите за реконструкција на каналот за отпадни води во Арачиново

Мониторирани активностите за реконструкција на каналот за отпадни води во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири придружуван од стручниот тим на Министерството, беше во теренска обиколка на изведбените работи на проектот “Реконструкција на постоечкиот ободен канал во населено место Арачиново“, во општина Арачиново.

На местото на извршувањето на градежните работи присуствуваа и претставници од подизведувачот Цвет Компани, како и претставник на надзорниот орган Евроконсалтинг.

При посета на локацијата констатирано е дека се изведуваат работите на отворениот земјен канал и дека моментално се изведуваат градежни активности за покривање на дел од покриениот армирано-бетонскиот канал, а активности на отворениот канал допрва следуваат.

Во оваа прилика министерот Изаири укажа на потребата од интензивирање на градежните активности со цел да се испочитува договорениот рок, 19 ноември 2014 година.

Каналот за отпадни води е во должина од приближно 2.000 метри. Од таа должина, на отворениот бетонски канал му припаѓаат 788 метри, 207 метри се затворен бетонски канал и 943 метри се отворен земјен канал.

Реализацијата на проектот чини 89 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање, кое ја подготви целокупната документација потребна за негова реализација.