Монодрамата на Црвенковски и ќутењето на Лупевска

Главниот лајт мотив на поранешниот премиер и шеф на државата Бранко Црвенковски при вечерашното гостување кај Снежана Лупевска во емисијата „Топ тема“ беше наводна борба за слобода и немањето демократија.

Во такви услови, Црвенковски направи монодрама од емисијата на Лупевска, неодговорајќи на еден куп логични дилеми. Ова се замислените логични прашања кои Лупевска не ги постави, затоа што Црвенковски не посака да ги одговори:

1. Што подразбирате под стручноста и професионалноста на Верушевски- дали тоа што соработувал со странски служби и бил дел од мрежа за нелегално прислушкување на државниот врв?!

2. Зошто повторно го штитите Верушевски и велите дека анонимни извори ви ги обезбедиле материјалите од прислушкувањето во 2001-ва година, кога постојат десетици изјави и сведоци вклучително и на луѓе од СДСМ кои тврдат дека Верушевски ви ги обезбедил тие материјали?

3. Со што Верушевски го заслужи директорското место во ДБК таа 2002-ра година?

4. Со што ве задолжи Верушевски и која беше уцената за да го префрлите на безбедно и сигурно работно место во амбасадата во Рим, откако претходно се закани дека ќе пропее за матни работи од ваше време? Која беше неговата уцена до вас?

5. Како тоа сте убеден дека власта прислушкувала кога има две јасни признанија дека тоа го правела мрежата на Верушевски?

6. Како тоа СДСМ ви било како дома, ама и во исто време не знаете ништо за прислушкуваните материјали на Заев?

7. Како тоа викате дека на локалните избори 2013 сте изгубиле од народот не затоа што сте немале поддршка, туку затоа што било режим. Дали под режим победија Заев, Жерновски и Зоран Дамјановски- Циц на тие избори и ако е режим зошто тие не си поднесат оставки?

8. Како тоа немате врска со приватизација, кога во ваше време останаа 200 илјади лица без работа и над 400 големи фирми се затворија?

9. Како се брани слободата со судство во кое 600 судии се изгласаа за една ноќ?

10. Дали слобода е следење на штабот и раководството на ВМРО-ДПМНЕ?

Курир