Монографија за „Галичка свадба“

Монографијата „Галичка свадба-бисер на светското културно наследство“ од авторите Гапе Ажиески и Ефтим Муратовски вечер ќе биде промовирана во Музејот на македонската борба-Скопје.

Промотори на монографијата се Драган Бошнаковски и Блаже Бундалевски.

На промоцијата, претседателот на „МЗГ-Галичник“ Митре Ажиески ќе ги претстави новиот зет и невеста на претстојната манифестација „Галичка свадба 2016“.