Монографија за манастирот „Св.Наум Охридски“ од Цветан Грозданов

Колор-монографијата за манастирот „Св.Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов ќе биде промовирана во салата на Соборниот храм на Македонската православна црква Охридска Архиепископија, на 26-ти ноември (четврток) во 13 часот.

За најновото дело на познатиот научник ќе говорат поглаварот на МПЦ господин господин Стефан и претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, а поздравна реч ќе одржи Елизабета Канческа – Милевска, министер за култура во Владата на Република Македонија.

Монографијата е во издание на Македонската академија на науките и уметностите и Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.