„Монпеље“ остана непоразен во Фленсбург

Ракометарите на „Монпеље“ приредија изненадување во Германија откако останаа непоразени на гостувањето кај фаворитот „Фленсбург“ и со големи шанси ќе го очекуваат возратниот натпревар во Франција.

„Монпеље“ во претходната рунда на натпревари ја исфрли „Барселона“. По одиграните 28:28 на гостувањето во Фленсбург, кој пред неколку години беше европски шампион, „Монпеље“ со минимална победа ќе влезе меѓу најдобрите четири во Европа. Освен „Монпеље“ за пласман на фајнл-фор турнирот во Келн ќе се борат и другите два француски екипи, ПСЖ и „Нант“.

Домаќините го добија првото полувреме со 17:15, но Монпелје направи голем пресврт во вториот дел, имаше водство и од три разлика, па на крајот Германците можат и да бидат задоволни со ремито.

Кај домашниот состав најефикасни беа Сван и Лауге Шмит со постигнати пет погодоци, додека на спротивната страна седум погодоци постигна Фабрегас.

Вардар својот прв четвртфинален натпревар со Келн го игра во недела со почеток од 17 часот.