Монструм од Битола злоставувал две деца

Кривична пријава и триесетдневен притвор заработи педесет и осумгодишен битолчанец, осомничен за полов напад врз деца, соопшти полицијата.

Според информациите на МВР, Д.Т. (58) се товари дека во период од еден месец извршил полов напад врз две деца од Битола.

„Во период од 20 јануари, до 19 февруари, годинава, осомничениот во повеќе наврати извршил полов напад и други полови дејствија врз две деца од Битола, кои биле помлади од 14 години“, се вели во полициската информација.

По првиедувањето во полициска станица тој бил веднаш притворен.