Монструм од Врапчиште: Заклучил девојче и и’ пуштал порно

силување

Маж од Врапчиште доби осумдневен притвор бидејќи заклучил девојче и и’ пуштал  порнографски содржини.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, против 34-годишниот К.И. од село Врапчиште е поднесена кривична пријава бидејќи пред два дена во своето интернет кафе заклучил 14-годишно девојче и и’ пуштал порнографски материјали.

Монструмот го повикал девојчето во просториите и ја заклучил вратат, а потоа и’ пуштил порнографски материјал на компјутер. Таа  исплашена од истото се обидела да го напушти локалот, но тој започнал да ја влече за коса и да ја удира со клоци и тупаници по главата и телото.

Судија во претходна постапка на пријавениот му опреди мерка притвор од  8 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.