Македонија

Монструм“ : Одбраната задоволна од исказот на заштитениот сведок

Монструм“ : Одбраната задоволна од исказот на заштитениот сведок
Судењето за петкратното убиство кај Смиљковското езеро по третпат ќе почне од почеток

Одбраната на обвинетите во случајот Монструм е задоволна од распитот на заштитениот сведок. Судницата беше затворена за јавноста, а сведокот Е1 чие присуство во судот беше обезбедено со посебни услови односно заматен лик и мутиран глас, а невообичаено големо полициско обезбедување ја чуваше зградата на Основниот суд, се соочи со обвинетите.

Надвор од вообичаената практика, и обвинетите и нивните адвокати се согласија со предлогот на судот – новинарите да ја напуштат судницата. По тричасовниот распит, одбраната не сакаше детално да го коментира исказот на сведокот, оти се работи за класифицирана информација, единствено посочувајќи дека бил различен од претходно.

Откако Хаки Азири се откажа да биде заштитен сведок, а потоа и го смени првичниот исказ, ова е втор заштитен сведок. Неговиот исказ , според кривичниот закон, не смее да се презентира во јавноста .

На почетокот на месец, судскиот процес почна по трет пат, откако беше приведен и седмиот обвинтет Сами Љута, кој според истрагата  чувал стража на кобниот ден. Тој пред судот изјави дека никогаш не бил на Смиљковското езеро и дека ноќта на Велигденскито масакр бил во интерент кафуле.

Четирите момчиња и рибарот беа убиени на 12-ти април минатата година. Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим, се товарат дека се директни извршители на петкратното убиство, а Фејзи Азири и Рами Сејди се осомничени за помагање.

Двајцата првообвинети се сè уште во затвор во Косово и не се екстрадирани во Македонија.